Посетители:47276
40. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование
Напишано од Стефан Симовски, раководител на проектот   

На 40. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование (Меѓународен натпревар на германски јазик), организиран од Сојузната централа за политичко образование од Бон, СР Германија, учествуваа околу 65 000 ученици од повеќе европски земји со повеќе од 3 000 проекти. Меѓу нив 66 ученици од 7 и 8 одделение и 3 ментори од ОУ „Лазо Трповски” - Скопје ја претставуваа нашата земја под уставното име со 3 проекти на различни актуелни политички теми, и тоа: „Во Јужноафриканската Република, земјата на виножитото, има нешто поважно од СП во фудбал“, „Детска сиромаштија“ и „Како улиците ги добиваат имињата?“.

 

Покровител на овој традиционален и реномиран натпревар е претседателот на СР Германија, Кристијан Вулф. На крајот на февруари годинава стручното жири составено од 100 члена, наставници и претставници на тамошното Министерство за култура, официјално ќе ги објави наградените. (подетални информации може да најдете на веб-страницата на организаторот www.schueler-wettbewerb.de).
(Забелешка: За секоја претходно зададена тема од страна на организаторот на натпреварот во секоја возрасна категорија жирито доделува вкупно пет награди. На 40. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование организаторот зададе 5 различни проектни задачи/теми во две возрасни категории, категоризирани според германскиот образовен модел/систем: ученици од 5 - 8 одделение и ученици од 8 - 12 одделение и дополнителна 6 тема во една возрасна категорија од 5 - 12 одделение. Тоа значи дека секој проект мора да биде изготвен според претходно зададената проектна задача од страна на организаторот. Секое училиште, официјално, има право на учество со неограничен број проекти, но секое училиште учесник на натпреварот е условено со дополнително правило според кое едно одделение смее да учествува со еден проект на иста тема во соодветната возрасна категорија. Така, на пример, ако ОУ „Лазо Трповски” од Скопје има повеќе осми одделенија и ако сите три ја обработуваат претходно зададената тема од организаторот „Детска сиромаштија” во истата возрасна категорија, од 5 - 8 одделение, тогаш за да не се случи училиштето биде дисквалификувано мора само да одлучи кој проект ќе го одбере да го претставува на оваа тема во соодветната возрасна категорија. Секое училиште што ги исполнува критериумите за учество на натпреварот има право на учество, но мора да одлучи со која целосно обработена проектна задача ќе настапи во Бон, на пример дали таа на 8а, 8б или 8в одделение.)
Благодарение на досегашната традиција (пет пати едно по друго ОУ Лазо Трповски од Скопје успешно учествува на реномираниот натпревар што го организира оваа германска институција).

Сојузната централа за политичко образование од Бон, СР Германија, годинава го избра ОУ „Лазо Трповски” од Скопје заедно со уште 150 основни и средни училишта од Европа (на конкурсот пријави поднесоа повеќе од илјада основни и средни училишта) за проектно училиште за реализација на проекти од областа на политичкото образование.
Организаторот од Бон на ОУ „Лазо Трповски” во рамките на тестфазата за следниот 41. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование му додели три проектни задачи што треба да ги реализираат учениците од седмо одделение до почетокот на март годинава, и тоа: „Консумирање алкохол кај малолетници“, „Куќен ред во училиштето“ и „Климатски условена здрава храна“. Темите учениците ги реализираат во рамки на воннаставните активности во претходно зададена форма од страна на организаторот како научно-истражувачки проект (групна работа) во соработка со соодветни институции, здруженија и установи.
Основното училиште „Лазо Трповски” од Скопје учеството на натпреварот го реализира со финансиска поддршка од страна на фондацијата Фридрих Еберт.

 
Банер