Посетители:51131
ООУ „Лазо Трповски“ наградено во Јапонија

На 1 декември 2015 година почесниот конзул на Јапонија во Република Македонија, н.е. Казу Лешниковска на пригодна свеченост што се одржа во ООУ „Владо Тасевски“ ја врачи наградата на ООУ „Лазо Трповски“ освоена на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2015 во Токио, Јапонија.

Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, Јапонија. Натпреварот се организира во рамките на одбележувањето на „70 години од основањето на УНЕСКО“ (проект во кој активно се вклучени 144 земји-членки на УНЕСКО и 8 земји-набљудувачи) Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија. Со прозни лични творби напишани во форма на есеи на тема „Мојата улога како граѓанин на светот“ четири ученички Софи Јанкоска, Мила Тодоровска, Матеа Шутарова и Мила Славковска го претставуваа училиштето на овој реномиран меѓународен натпревар, координирани од тројца наставници-ментори Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик, Соња Јовановска, предметен наставник по македонски јазик и Лилјана Симоновска, предметен наставник по англиски јазик. На тој начин учесниците од ООУ „Лазо Трповски“ добија можност да творат заедно со 12 960 свои врсници од 148 земји од целиот свет на иста тема. Личната творба напишана во форма на есеј не смееше да содржи повеќе од 700 збора и беше напишана на еден од странските јазици што се изучуваат во училиштето (германски или англиски јазик).

Андреј Антов

 
Банер