Посетители:43927
Обука за напредно менаџирање со ВЕБ-страницата на училиштето II

Во рамките на проектот „Политичко образование за млади 2013“ на 24.04.2013 година во ООУ „Лазо Трповски“ беше реализиран вториот модул од интерната обука за напредно менаџирање со ВЕБ-локацијата на училиштето.

Обуката беше реализирана во соработка со Ентити Медиа дооел од Скопје и канцеларијата во Скопје на фондацијата Фридрих Еберт. На обуката активно учествуваа 16 вработени во училиштето.

Проектот е финансиски поддржан од страна на канцеларијата во Скопје на фондацијата Фридрих Еберт.

Стефан Симовски, координатор на проектот во ООУ „Лазо Трповски“

 
Банер