Посетители:49934
ООУ „Лазо Трповски“ во меѓународен проект за заштита на биолошка разновидност

 

 

Проектот на учениците од одделение од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје „Инвазивни растенија и животни во општина Карпош по течението на реката Вардар“, координиран од двајца наставници во својство на ментори, Даниела Радевска и Стефан Симовски стана дел од глобалната акција за заштита на биолошката разновидност со седиште во Хамбург, Германија. Еко-проектот учесниците од ООУ „Лазо Трповски“ го реализираа во соработка со Катедрата за ботаника и дендрологија на УКИМ Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг Ханс Ем во Скопје.


Организатор на оваа глобална акциска мрежа се германската секција на ГЕО и еколошката фондација Хајнц Зилман. Оваа меѓународна и пред се` глобална акција за заштита на видовите традиционално се организира секоја година по повод Светскиот ден на биодиверзитетот. Годинава учествуваат околу 17 000 учесници од Европа со околу 800 проекти. Главната задача на учесниците во овој глобален проект е колку што е можно подетално да ја проучат биолошката разновидност и потребата од заштитата на видовите во своето непосредно опкружување и да ја документираат со цел да дадат автентични информации за фактичката состојба. Целосно изготвениот проект на германски јазик пред да биде реализиран мора да биде прифатен и одобрен од организаторот.

 

 


 

 

 

Инаку ООУ „Лазо Трповски“ со овој еко-проект минатата учебна година конкурираше на распишаниот конкурс за поддршка на училишни еко-проекти од Фондот за иновации и технолошки развој, но без издржано образложение еко-проектот на училиштето беше одбиен од страна на Фондот.


Стефан Симовски

 

 
Банер