Посетители:43927
  • ОУ Лазо Трповски
  • ОУ Лазо Трповски
Тројца наши ученици освоија награди на општинскиот натпревар по географија

 

Тројца ученици од ООУ„Лазо Трповски“ освоија награди на општинскиот натпревар по географија и се пласираа на регионалниот натпревар по географија: Јана Руфческа (96 бода), второ место, Павел Руфчески (95 бода) трето место и Филип Тримоски (91 бод), прва награда, под менторството на д-р Милица Патраклиева, предметен наставник по географија во училиштето.

Повеќе...
 
Наградените четвртоодделенци примени од претседателот Иванов

 

Учениците од 4б одделение наградени во Берлин на Меѓународниот училиштен натпревар за вселенски и воздушен сообраќај 2018 заедно со своиоте наставници ментори Елена Угриноска и Стефан Симовски и со директорката на училиштето м-р Елеонора Стрезовска беа примени во претседателската палата од претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга Маја Иванова.

Повеќе...
 
Четвртоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ наградени во Берлин

Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ освоија награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2018 кој традиционално се одржува во Берлин, Германија. Заедничкиот проект изготвен од учениците од 4б одделение „Ние и Ербас“ беше координиран од двајца наставници во својство на ментори Елена Угриноска и Стефан Симовски. Проектот на учениците од нашето училиште успешно ја помина прелиминарната фаза на натпреварот и влезе помеѓу десетте најдобри проекти, а за својот конечен пласман (7. место) наградените добија соодветни дипломи и прикладен трофеј (автентичен модел на товарниот авион од флотата на Ербас: Ербас Белуга во размер 1:200).

Повеќе...
 
„Лазо Трповски“ наградено на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2016 во Токио

Основното училиште „Лазо Трповски“ е наградено на Меѓународниот литературен натпревар за млади што традиционално се одржува во јапонскиот град Токио.
Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, а се организира во рамки на одбележувањето на 71 година од основањето на УНЕСКО. Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија.

Повеќе...
 
Проект на ООУ „Лазо Трповски“ награден на меѓународен натпревар во Берлин

Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ освоија награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2016 кој годинава се одржа во Берлин, Германија. Заедничкиот проект изготвен од вкупно 40 ученици од 3а, 4а и 4б одделение „Патуваме во вселената“ беше координиран од училиштен тим составен од шест наставници во својство на ментори: Оливера Маџоска, Александра Неделковска-Петровска, Розета Сугарева, Јагода Ололовска, Олгица Каскаревска и Стефан Симовски. Проектот на учениците од ова скопско училиште се пласира помеѓу десетте најдобри проекти на натпреварот и за својот пласман наградените добија соодветни дипломи и прикладен трофеј (автентичен модел на авион Ербас Белуга во размер 1:200).

Повеќе...
 
ЛИТЕРАТИ НАГРАДЕНИ ВО БАЊА ЛУКА

Учениците од шесто одделение на ООУ „Лазо Трповски“ Лавинија Волнаровска и Томислав Јовановски се пласираа во финалето на 10. меѓународен литературен фестивал на детската поезија на мајчин јазик „Дечје царство“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Тие се натпреваруваа во конкуренција со преку 4000 нивни врсници од основните училишта од: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија кои напишаа повеќе од 6000 песни.

Повеќе...
 
«ПочетокПред1234567СледноКрај»

Страница 2 од 7
Банер