Посетители:49934
  • ОУ Лазо Трповски
  • ОУ Лазо Трповски
ООУ „Лазо Трповски“ вторпат едноподруго во меѓународен проект за политичко образование

 

Сојузната централа за политичко образование од Бон, СР Германија, вторпат едно по друго го избра ООУ „Лазо Трповски” од Скопје заедно со уште 140 основни и средни училишта од Европа (на конкурсот пријави поднесоа повеќе од илјада основни и средни училишта од Европа) за проектно училиште во реализацијата на проектни задачи од областа на политичкото образование.

Повеќе...
 
Освоена награда на 41. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование

 

Проектот „Големата нуклеарна катастрофа во Фукушима“ изготвен од учениците од 6б одделение (ментори Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик и Даниела Радевска, предметен наставник по хемија) на 41. меѓународен училиштен натпревар за политичко образование (екипен меѓународен натпревар на германски јазик што традиционално се одржува во германскиот град Бон) освои награда во својата возрасна категорија (за ученици од 5-8 одделение).
Наградата на учениците во името на амбасадорката на Германија им ја врачи аташето за култура во германската амбасада во Скопје госпоѓа Катарина Науман.

Повеќе...
 
Награди по повод 35. роденден на општина Карпош

Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ на годинашните општински натпревари за фотографија, литература и видео спот што ги организираше општина Карпош по повод својот 35. роденден се закитија со награди. 

Повеќе...
 
Меѓународен училиштен натпревар по бионика 2011

ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје годинава учествуваше на Меѓународниот училиштен натпревар по бионика во Инголштат, СР Германија. Натпреварот го организира  фондацијата за заштита на животната средина „Ауди“ од Инголштат.

Повеќе...
 
Меѓународен литературен натпревар за млади 2011

Во рамките на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието“ (проект што трае од 2005-2014 година и во кој активно се вклучени 144 земји-членки на УНЕСКО и земји-набљудувачи) ОУ „Лазо Трповски“ од Скопје годинава учествува на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија. Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, Јапонија.

Повеќе...
 
40. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование
Напишано од Стефан Симовски, раководител на проектот   

На 40. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование (Меѓународен натпревар на германски јазик), организиран од Сојузната централа за политичко образование од Бон, СР Германија, учествуваа околу 65 000 ученици од повеќе европски земји со повеќе од 3 000 проекти. Меѓу нив 66 ученици од 7 и 8 одделение и 3 ментори од ОУ „Лазо Трповски” - Скопје ја претставуваа нашата земја под уставното име со 3 проекти на различни актуелни политички теми, и тоа: „Во Јужноафриканската Република, земјата на виножитото, има нешто поважно од СП во фудбал“, „Детска сиромаштија“ и „Како улиците ги добиваат имињата?“.

Повеќе...
 
«ПочетокПред12345678СледноКрај»

Страница 7 од 8
Банер