Посетители:46193
  • ОУ Лазо Трповски
  • ОУ Лазо Трповски
Врачени признанијата на финалистите на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2012

На 2 октомври 2012 година во аулата во ООУ „Лазо Трповски“ со почеток во 17:30 часот свечено им беа врачени признанијата за учество на финалистите од двете скопски училишта ООУ „Лазо Трповски“ и ООУ „Владо Тасевски“ освоени на Меѓународниот литературен натпревар за млади што се одржува во Токио, Јапонија.Финалистите од двете скопски училишта ги поздрави и на пригодната свеченост им ги врачи нејзината екселенција почесниот конзул на Јапонија во Република Македонија, Казу Лешниковска.

Повеќе...
 
Меѓународен училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2012

На почетокот на јуни годинава третоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ добија значајно меѓународно признание освоено на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2012 што се одржа годинава во Берлин, Германија. Два проекта изготвени од учениците од 3а одделение „Воздушниот сообраќај во минатото, денес и во иднина“ (ментор: Елена Угриноска) и 3б одделение „Летаме во вселената“ (ментор: Јагода Ололовска) рамноправно со уште 49 од вкупниот број пристигнати проекти на натпреварот влегоа во потесната конкуренција за награди.

Повеќе...
 
Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ наградени во Берлин

 

Повеќе...
 
Меѓународен литературен натпревар за млади 2012

Во рамките на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието“ (проект што се реализира од 2005-2014 година и во кој активно се вклучени 144 земји-членки на УНЕСКО и земји-набљудувачи) ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје вторпат едно по друго учествува на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија. Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, Јапонија.

Повеќе...
 
ООУ „Лазо Трповски“ вторпат едноподруго во меѓународен проект за политичко образование

 

Сојузната централа за политичко образование од Бон, СР Германија, вторпат едно по друго го избра ООУ „Лазо Трповски” од Скопје заедно со уште 140 основни и средни училишта од Европа (на конкурсот пријави поднесоа повеќе од илјада основни и средни училишта од Европа) за проектно училиште во реализацијата на проектни задачи од областа на политичкото образование.

Повеќе...
 
Освоена награда на 41. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование

 

Проектот „Големата нуклеарна катастрофа во Фукушима“ изготвен од учениците од 6б одделение (ментори Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик и Даниела Радевска, предметен наставник по хемија) на 41. меѓународен училиштен натпревар за политичко образование (екипен меѓународен натпревар на германски јазик што традиционално се одржува во германскиот град Бон) освои награда во својата возрасна категорија (за ученици од 5-8 одделение).
Наградата на учениците во името на амбасадорката на Германија им ја врачи аташето за култура во германската амбасада во Скопје госпоѓа Катарина Науман.

Повеќе...
 
«ПочетокПред1234567СледноКрај»

Страница 6 од 7
Банер