Посетители:38556
  • ОУ Лазо Трповски
  • ОУ Лазо Трповски
Финалисти на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2013 во Токио, Јапонија

Во рамките на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието“ (проект што се реализира од 2005-2014 година и во кој активно се вклучени 144 земји-членки на УНЕСКО и земји-набљудувачи) ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје трет пат едно по друго учествува на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија. Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, Јапонија.

Повеќе...
 
Втора и трета награда за првоодделенци на ликовниот натпревар „Мојата слика од бајките“

Двајца ученици од прво одделение од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје беа наградени од страна на стручното жири на ликовниот натпревар „Мојата слика од бајките на браќата Грим“ на кој право на учество имаа сите ученици од основните училишта во Република Македонија. Натпреварот го организираа Здружението на наставници по германски јазик во Република Македонија и Гете-институт Канцеларија за врски Скопје по повод јубилејот „200 години од излегувањето од печат на збирката Детски и куќни сказни од браќата Грим“.

Повеќе...
 
Седми пат едноподруго меѓу најдобрите

Два проекта изготвени од учениците од ООУ „Лазо Трповски“ се пласираа помеѓу финалистите на 42. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование во Бон, Германија. Нивните проекти ќе бидат изложени на изложбата во Бон што ја организира на Сојузната централа за политичко образование во мај годинава.

Повеќе...
 
ООУ „Лазо Трповски“ трет пат едноподруго во меѓународен проект за политичко образование

Сојузната централа за политичко образование од Бон, Германија, трет пат едноподруго го избра ООУ „Лазо Трповски” од Скопје заедно со уште 140 основни и средни училишта од Европа (на конкурсот пријави поднесоа повеќе од илјада основни и средни училишта од Европа) за проектно училиште во реализацијата на проектни задачи од областа на политичкото образование. Организаторот од Бон на ООУ „Лазо Трповски” во рамките на проектот што претставува дел од тестфазата за следниот 43. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование му додели четири проектни задачи кои учениците од седмо одделение треба да ги реализираат најдоцна до средината на март 2013 година. Темите кои оваа реномирана германска образовна институција му ги додели на ова скопско училиште се: „Опасност од злоупотреба на личните податоците на социјалните мрежи“, „Потребата од прогласување на  светски денови од страна на Обединетите нации и УНЕСКО, како на пример: Светски ден на детето и сл.“, „Целта на училишните приредби и манифестации“ и „Бразил, земја на фудбалот или...?!“.

Повеќе...
 
Врачени признанијата на финалистите на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2012

На 2 октомври 2012 година во аулата во ООУ „Лазо Трповски“ со почеток во 17:30 часот свечено им беа врачени признанијата за учество на финалистите од двете скопски училишта ООУ „Лазо Трповски“ и ООУ „Владо Тасевски“ освоени на Меѓународниот литературен натпревар за млади што се одржува во Токио, Јапонија.Финалистите од двете скопски училишта ги поздрави и на пригодната свеченост им ги врачи нејзината екселенција почесниот конзул на Јапонија во Република Македонија, Казу Лешниковска.

Повеќе...
 
Меѓународен училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2012

На почетокот на јуни годинава третоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ добија значајно меѓународно признание освоено на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2012 што се одржа годинава во Берлин, Германија. Два проекта изготвени од учениците од 3а одделение „Воздушниот сообраќај во минатото, денес и во иднина“ (ментор: Елена Угриноска) и 3б одделение „Летаме во вселената“ (ментор: Јагода Ололовска) рамноправно со уште 49 од вкупниот број пристигнати проекти на натпреварот влегоа во потесната конкуренција за награди.

Повеќе...
 
«ПочетокПред1234567СледноКрај»

Страница 5 од 7
Банер