Посетители:47276
Награди по повод 35. роденден на општина Карпош

Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ на годинашните општински натпревари за фотографија, литература и видео спот што ги организираше општина Карпош по повод својот 35. роденден се закитија со награди.  Шестоодделенката Бојана Ѓорѓиева со својата фотографија „Карпош урбан свет“ ја освои првата награда на конкурсот за фотографија. Нејзината оригинална идеја стручното жири ја награди со диплома и со фотоапарат. Осмоодделенката Деана Андоновска беше првонаградена на литературниот конкурс. Нејзината лична творба „Нашата општина“ ги воодушеви членовите на стручното жири составено од истакнати литературни критичари. На тој начин Деана имаше ретка можност да ја прочита творбата пред присутните учесници и гости на Свечената академија што се одржа по повод јубилејот на општината. Видео спотот „Карпош има иднина“ што го креираа група ученици од училиштето под менторство на педагогот Рената Поповска, а во соработка со снимателот Филип Поповски, претставуваше своевидно неофицијално промовирање на реновираното училиште. За своето оригинално видео остварување учениците ја освоија втората награда.

Во рамки на одбележувањето на 35. роденден на Општината градоначалникот Стевчо Јакимовски свечено им ги додели стипендиите на 50 талентирани ученици од десетте општински основни училишта. Од ООУ „Лазо Трповски“ општински стипендии добија четири осмоодделенци, и тоа: Леон Гуцуљ, Ивона Апостоловска, Андреј Тасев и Филип Кочовски.

 
Банер