Посетители:43928
Одбојкарките го освоија третото место во општинската училишна лига

 

Женската одбојкарска екипа на ООУ „Лазо Трповски“ во сезоната 2011/12 година го освои третото место во општинската училишна лига.

Женската одбојкарска екипа што се натпреварува во општинска училишна лига има долга традиција и постигнува успеси не само на општинско ниво, туку и на градски и државни натпревари.
Во општинската одбојкарска лига во сезоната 2011/2012 се натпреваруваа 9 екипи на основни училишта од општината Карпош во лига систем поделен на пролетен и есенски дел. На крајот ООУ „Лазо Трповски“ го освои трето место и се пласираше на завршниот плеј-оф турнир каде во полуфиналето загуби од екипата на ООУ „Петар Поп Арсов“ (0:2 во сетови). Во натпреварот за третото место екипата на ООУ „Лазо Трповски“ беше поуспешна од соодветната на ООУ „Димо Хаџи Димов’’ и го освои третото место (победа од 2:1 во сетови). Медалите и пехарот на најуспешните ги додели градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
Во месец февруари 2012 година во овој спорт ООУ „Лазо Трповски“ се натпреваруваше и на ниво на град Скопје. Во својата група го освои првото место и на тој начин се пласира меѓу трите најдобри екипи што обезбедија пласман на завршниот турнир на државното првенство во Штип.  (На турнирот во организација на Сојузот на училишен спорт на град Скопје екипата на ООУ „Љубен Лапе“ го освои прво место, а екипата на ООУ „Лазо Трповски“ второто место.) На државното првенство ООУ “Лазо Трповски“ го освои 6. место, но и титула за нај фер-плеј екипа на државното првенство.
Исто така оваа сезона одбојкарки од ООУ „Лазо Трповски“ беа дел од женската одбојкарска екипа на општина Карпош која на турнир на кој учествуваа четири скопски општини го освои првото место.

 

Елеонора Јовановиќ и Благоја Ставревски

 
Банер