Посетители:52884
Дванаесет ученици од второ одделение со признанија од Њујорк

На дванaесетте второодделенци  кои  го претставуваа ООУ „Лазо Трповски“ на 23. Меѓународен ликовен натпревар „Пријатели на мирот 2021“ во Њујорк, САД, директорката на училиштето, Соња Јовановска, на пригодна свеченост  им ги врачи признанијата.

 

 


Натпреварот на кој учествуваат ученици од целиот свет традиционално се одржува во американскиот град Њујорк, а темата на годинашниот натпревар беше „Добрина“.

Дванасесетте ученици од 2а одделение  Александра Зифовска, Дамјан Симески,  Дамјан Стојкоски,  Доротеја Давиткова, Ѓорѓи Столески, Јосип Радетиќ, Кристијан Кироски, Лина Тодоровска, Максим Бошковски, Марија Стефановска, Матијан Ристовски и Виктор Николовски, на овој реномиран ликовен натпревар беа предводени од менторот Дијана Петроска и координаторот Стефан Симовски.

Стефан Симовски

 
Банер