Посетители:52881
Лара Станчева наградена во Јапонија

Седмоодделенката Лара Станчева од ООУ „Лазо Трповски“ го освои третото место на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2021 кој традиционално се одржува во јапонскиот главен град Токио.

Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио и се одржува во рамките на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието“. Овој глобален проект се реализира од 2020 до 2030 година и во него активно се вклучени сите земји-членки на УНЕСКО.
Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија.
Наградата е освоена во силна конкуренција, имено, на натпреварот учествуваа 28 217 учесници од 161 земја.
Повеќе информации во врска со натпреварот може да најдете на веб страната на организаторот, односно на следниот линк: https://www.goipeace.or.jp/en/work/essay-contest/
Со прозни лични творби напишани во форма на есеи на тема „Смислата на животот“ училиштето на овој реноимиран меѓународен натпревар го претставуваа три ученички, координирани од предметниот наставник по германски јазик, Стефан Симовски.
Наградата на наградената седмоодделенка Лара Станчева и на менторот Стефан Симовски ќе им бидат врачени на пригодна свеченост во декември годинава од страна на амбасадорот на кралството Јапонија, н.е. Савада Хиронори.

Стефан Симовски

 

 
Банер