Посетители:46193
Стефани Исајловска финалистка на меѓународниот литературен натпревар за млади 2020 во Токио

 

Ученичката Стефани Исајловска од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје се пласираше во финалето на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија. Натпреварот се одржува секоја година и е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, Јапонија.

Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија. Годинава на натпреварот учествуваа 33 632 учесници од 166 земји.

 

Деветтоодделенката Исајловска на овој реномиран натпревар учествуваше под менторство на предметниот наставник по германски јазик Стефан Симовски со своја прозна лична творба напишана на англиски јазик во форма на есеј на зададената тема од организаторотМоето писмо од 2030 година. Личната творба не смееше да содржи повеќе од 800 збора и мораше да биде напишана на еден од странските јазици што се изучуваат во училиштето (германски или англиски јазик).
ООУ „Лазо Трповски“ на овој литературен натпревар со светско реноме учествува по шести пат и досега има освоено две награди.

Повеќе информации во врска со натпреварот и наградените млади автори може да најдете на веб-страната на организаторите www.goipeace.or.jp

Финалистите од целиот свет како и нивните ментори независно од конечниот пласман согласно одлуката на жирито добиваат соодветни признанија.

Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик

 

 

 
Банер