Посетители:38555
Петтоодделенци наградени на Меѓународен литературен конкурс

Тројца петтоодделенци опд ООУ „Лазо Трповски“ беа награденин на традиционалниот 12. Меѓународен литературен конкурс по повод празникот „Св. Климент Охридски“ што го организираше Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје, Сектор „Другарче“, на тема „ Моќта на словото“.

 


Тројца ученици од ООУ „ Лазо Трповски“, Vб одделение, под менторство на наставничката Лидија Ангеловска Стефановска, освоија награди: Андреа Камчева - Велкова, втора награда, Матеа Јовановиќ, втора награда и Марта Ристова трта награда.
Наградите свечено им беа доделени на 4. декември 2019 година во библиотеката „Другарче“.

Лидија Ангеловска - Стефановска

 

 
Банер