ЛИТЕРАТИ НАГРАДЕНИ ВО БАЊА ЛУКА |
Учениците од шесто одделение на ООУ „Лазо Трповски“ Лавинија Волнаровска и Томислав Јовановски се пласираа во финалето на 10. меѓународен литературен фестивал на детската поезија на мајчин јазик „Дечје царство“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Тие се натпреваруваа во конкуренција со преку 4000 нивни врсници од основните училишта од: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија кои напишаа повеќе од 6000 песни.
Соња Јовановска |