Втора и трета награда за првоодделенци на ликовниот натпревар „Мојата слика од бајките“ |
Двајца ученици од прво одделение од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје беа наградени од страна на стручното жири на ликовниот натпревар „Мојата слика од бајките на браќата Грим“ на кој право на учество имаа сите ученици од основните училишта во Република Македонија. Натпреварот го организираа Здружението на наставници по германски јазик во Република Македонија и Гете-институт Канцеларија за врски Скопје по повод јубилејот „200 години од излегувањето од печат на збирката Детски и куќни сказни од браќата Грим“. Стефани Исајловска, ученичка во 1б одделение (ментори: Олгица Каскаревска и Стефан Симовски), во својата возрасна категорија за ученици од 1-3 одделение ја освои втората награда, а првоодделенецот Александар Миовски, ученик во 1а одделение (ментори: Дијана Петроска и Стефан Симовски), третата награда на натпреварот.
Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик во ООУ „Лазо Трповски“ |