Посетители:43927
Повик за учество на Меѓународниот стрип натпревар ГРАМИК 2013 во Минхен

Меѓународен стрип натпревар „ГРАМИК 2013“ на тема „Толеранција“ што се одржува во Минхен, Германија, во организација на „Lutheran Mediahouse“ од Минхен.
Натпреварот се одржува по повод одбележувањето на деценијата на големиот реформатор Мартин Лутер.
Мото: Толеранцијата е почитување, прифаќање и вреднување на разликите помеѓу цивилизациите во светот, форма на изразување и начин да се покаже хуманост.
Правила за учество на натпреварот: Право на учество на натпреварот имаат учениците од целиот свет. Може да учествуваат цели одделенија, групи ученици и индивидуално со свои стрипови или приказни во слики. При учество на групи ученици и цели одделенија задолжително да биде наведен бројот на ученици, имињата и презимињата на учениците, наставниците ментори, контакт е-маил како и точен назив и адреса на училиштето.
Информација за учесниците со лични творби: Учесниците се поделени во две возрасни категории, и тоа:
1. До 12 години (трета категорија на возраст), тема: „Сите деца се рамноправни“
2. Од 13 до 18 години (втора категорија на возраст), тема: „Сите луѓе се рамноправни“
Формат и број на страници: Готовите стрипови или приказни во слики мора да бидат испратени во оригинал по пошта во Минхен или во електронска форма затворени во ПДФ-формат (затворени како еден документ мемориран на следниот начин: Презиме_Име_Категорија_Училиште). Форматот мора да биде А3 или А4, техниката на цртање (сликарската техника) е слободна, а обемот на стрипот или приказната во слики од 4-6 страници (напишана на германски или англиски јазик).
Награди: Организаторот на натпреварот ќе додели парични награди во вредност од 5 000 евра во секоја возрасна категорија, но и многу други вредносни награди, како и посебни награди за училиштата учесници на натпреварот.
Наградите свечено ќе бидат врачени на Фестивалот на стрипот во Минхен (се одржува од 31 мај до 2 јуни 2013 година), а најуспешните стрипови ќе бидат објавени во каталог и изложени на изложбите кои од 2013 до 2014 година ќе се одржуваат низ Германија (своевидна германска стрип турнеја).
Крајниот рок за доставување на личните творби и илустрации (цртежи) до одговорниот наставник е 15 април 2013 година!

Координатор: Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик

 
Банер