Посетители:43928
Повик за учество на 6. Меѓународен училиштен литературен натпревар во Берлин

6. Меѓународен училиштен литературен натпревар на тема „Во водените пространства на нашата планета“ што го организира германското Здружение на граѓани „Мерхенланд“ од Берлин, Германија, во соработка со Министерствата за образование на Германија, Австрија и Швајцарија се одржува во рамките на манифестацијата 24. Денови на сказната во Берлин по повод 100 роденден на аквариумот во зоолошката градина во Берлин.
Правила за учество на натпреварот: Право на учество на натпреварот со свои лични творби (стихувани басни или сказни со животни) имаат учениците од целиот свет од 4, 5 и 6 одделение што сакаат да творат на германски јазик.
Информација за учесниците со лични творби: Личните творби мора да бидат напишани во стихови и да содржат од 300 до 500 зборови. Притоа метриката не мора да биде целосно запазена. Главни ликови смеат да бидат само водни животни и/или растенија кои ќе имаат дијаметрално спротивни (спротивставени) човечки особини (на пример остроумност и глупавост). За една  лична творба да биде басна или сказна приказната (фабулата) мора да има наравоучение (поука). Таа може да произлегува од приказната или да биде наведена на крајот! Смеат да бидат испратени најмногу 3 лични творби по одделение. Од тие причини учениците имаат право сами да одлучат кои три лични творби ќе бидат испратени на натпреварот.
Примери што може да ви помогнат при составувањето на личната творба: Басните на Езоп, Лесинг, Лафонтен и други!
Важна дополнителна информација: Учениците што цртаат убаво на натпреварот може да испратат соодветни илустрации за некоја од личните творби што ќе биде испратена на натпреварот. Дозволено е во илустрирањето активно да учествува цело одделение, група ученици од едно одделение или еден ученик поединечно. По одделение смее да биде испратен само еден цртеж (проект со илустрации). Формата и големината на цртежите не е дефинирана од страна на организаторот.
Награди: Организаторот на натпреварот ќе награди 12 најдобри лични творби заедно со 12 најдобри илустрации кои ќе бидат објавени во Календарот на сказни за 2014 година. Натпреварувачите кои според мислењето на независното петчлено стручно жири ќе бидат најдобро пласирани (на првите три места) ќе добијат вредни награди и ќе бидат поканети во Берлин на свеченото врачување на наградите што ќе се одржи во ноември 2013 година. 

Крајниот рок за доставување на личните творби и илустрации (цртежи) до одговорниот наставник е 31 март 2013 година!

Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик, координатор на проектот

 

 
Банер