Посетители:38551
Тројца наши ученици освоија награди на општинскиот натпревар по географија

 

Тројца ученици од ООУ„Лазо Трповски“ освоија награди на општинскиот натпревар по географија и се пласираа на регионалниот натпревар по географија: Јана Руфческа (96 бода), второ место, Павел Руфчески (95 бода) трето место и Филип Тримоски (91 бод), прва награда, под менторството на д-р Милица Патраклиева, предметен наставник по географија во училиштето.

 

Општинските натпревари по географија за скопскиот регион,  се одржаа на 26.01.2019 година во ООУ „Лазо Трповски“,  во организација на Македонско географско друштво. На натпреварот учествуваа  165 ученици од основните и средните училишта и 57 ментори,од 9 општини.

Според пропозициите на Македонското географско друштво на регионалниот натпревар по географија можат да учествуваат сите ученици кои ги освоиле првите места на општинските натпревари и сите кои имаат освоено над 85 поени. Младите географи своите знаења ги покажаа преку решавање на тест, на кој постигнаа високи резултати, почитувајќи го правилникот за одржување на натпреварите по географија. За учество на регионалниот натпревар се пласираа 78 ученици од основните и 17 од средните училишта.
Регионалниот натпревар по географија ќе се одржи на 02 март 2019 година.

 
Банер