Посетители:38555
Наградените четвртоодделенци примени од претседателот Иванов

 

Учениците од 4б одделение наградени во Берлин на Меѓународниот училиштен натпревар за вселенски и воздушен сообраќај 2018 заедно со своиоте наставници ментори Елена Угриноска и Стефан Симовски и со директорката на училиштето м-р Елеонора Стрезовска беа примени во претседателската палата од претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга Маја Иванова.

 


Претседателот Иванов во своето обраќање честитајќи им за освоената награда (за освоеното седмо место на овој реномиран натпревар) во конкуренција од 150 учесници на учениците им посака уште многу вакви тимски успеси во иднина. „Сите вие што освојувате награди заслужувате чест и внимание", порача претседателот.
Учениците се заблагодарија за приемот и истакнаа дека училиштето досега шест пати учествувало на овој меѓународен натпревар, а три пати има пласман во финалето. Имено ученици од ООУ „Лазо Трповски“ пред две години на овој натпревар го освоија десеттото место. Натпреварот е во организација на Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузното министерство за образование и истражување на Германија, Луфтханза Техник АД и концернот ЕАДС (во чиј склоп влегува и познатиот производител на патнички авиони Ербас).


Наградата и дипломите на наградените ученици им ги врачи директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, Горан Јандреоски.

Стефан Симовски

 
Банер