Третоодделенци освоија награда на натпревар во Берлин |
Третоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје освоија награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2015 во Берлин, Германија. Проектот изготвен од учениците од 3а одделение „Заедно летаме во вселената“ беше координиран од училиштен тим составен од тројца наставници во својство на ментори: Дијана Петроска, Александра Гаџоска и Стефан Симовски. Имено, третоодделенците се пласираа помеѓу 30 најдобри проекти на натпреварот и за својот пласман добија соодветни дипломи и соодветен подарок (автентичен модел на патнички авион Ербас А-380 во размер 1:200).
„Ви благодарам за прекрасниот проект. Не е важно што не сте на пиедесталот зашто и вие сте меѓу наградените на натпреварот. Да така е, радувајте се, затоа што и вие освоивте награда! Наградени сте затоа што вашиот проект е фантастичен, затоа што се забавувавте додека го работевте и затоа што сте одлични тимски играчи. Се разбира сите финалисти на натпреварот освојуваат награда! Вашата награда е летачки трофеј за целото одделение и диплома за секого од вас. Се надевам дека учеството на натпреварот ви беше толку забавно како што му беше и на жирито кога го оценуваше вашиот проект“.
|