Обука за заштита од пожари |
Во обуката беа интегрирани теоретски и практичен дел. Во теоретскиот дел учениците беа запознаени со ризиците и причините за појава на пожари, нивната форма, како и средствата што се користат за гасење. Седмоодделенците исто така беа запознаени и со опасностите од пожар во јавни објекти, но и во домашни услови. Притоа им беа посочени примери за најчестите предизвикувачи на пожар и совети како да постапат за навреме да ги спречат. Учениците покажаа голема заинтересираност и најчесто поставуваа прашања околу пожарите во домашни услови. Освен прашања тие кажуваа и свои примери, каде што дирекно или индирекно биле инволвирани. Во практичниот дел, кој всушност беше најинтересен и најзабавен за учениците, беше презентирано гасење пожар со помош на противпожарен апарат – ПП S9. Прво момчињата се обидоа да изгаснат пожар, а потоа во реализацијата на задачата им се приклучија и девојчињата. Со оваа обука учениците од ООУ „Лазо Трповски“ се здобија со соодветно теоретско и практично знаење и по изборниот предмет Вештини за живеење. Обуката училиштето ја реализираше во соработка со Општина Карпош. |