Посетители:38550


Проект на четвртоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ награден во Берлин

 



Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ освоија награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2019 кој традиционално се одржува во Берлин, Германија.

Повеќе...
 
Тројца наши ученици освоија награди на општинскиот натпревар по географија

 

Тројца ученици од ООУ„Лазо Трповски“ освоија награди на општинскиот натпревар по географија и се пласираа на регионалниот натпревар по географија: Јана Руфческа (96 бода), второ место, Павел Руфчески (95 бода) трето место и Филип Тримоски (91 бод), прва награда, под менторството на д-р Милица Патраклиева, предметен наставник по географија во училиштето.

Повеќе...
 
Наградените четвртоодделенци примени од претседателот Иванов

 

Учениците од 4б одделение наградени во Берлин на Меѓународниот училиштен натпревар за вселенски и воздушен сообраќај 2018 заедно со своиоте наставници ментори Елена Угриноска и Стефан Симовски и со директорката на училиштето м-р Елеонора Стрезовска беа примени во претседателската палата од претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга Маја Иванова.

Повеќе...
 
Проект на ООУ „Лазо Трповски“ награден на меѓународен натпревар во Берлин

Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ освоија награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2016 кој годинава се одржа во Берлин, Германија. Заедничкиот проект изготвен од вкупно 40 ученици од 3а, 4а и 4б одделение „Патуваме во вселената“ беше координиран од училиштен тим составен од шест наставници во својство на ментори: Оливера Маџоска, Александра Неделковска-Петровска, Розета Сугарева, Јагода Ололовска, Олгица Каскаревска и Стефан Симовски. Проектот на учениците од ова скопско училиште се пласира помеѓу десетте најдобри проекти на натпреварот и за својот пласман наградените добија соодветни дипломи и прикладен трофеј (автентичен модел на авион Ербас Белуга во размер 1:200).

Повеќе...
 
Третоодделенци освоија награда на натпревар во Берлин

 

Третоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје освоија награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2015 во Берлин, Германија. Проектот изготвен од учениците од 3а одделение „Заедно летаме во вселената“ беше координиран од училиштен тим составен од тројца наставници во својство на ментори: Дијана Петроска, Александра Гаџоска и Стефан Симовски. Имено, третоодделенците се пласираа помеѓу 30 најдобри проекти на натпреварот и за својот пласман добија соодветни дипломи и соодветен подарок (автентичен модел на патнички авион Ербас А-380 во размер 1:200).

Повеќе...
 
Обука за заштита од пожари

 

Петнаесет ученици од седмо одделение од ООУ ,,Лазо Трповски’’ на 29 јануари 2015 година имаа обука за заштита од пожари. Еднодневната обука ја одржа стручно лице од областа на противпожарната заштита, претставник од Одделението за заштита и спасување во Општина Карпош.

Повеќе...
 
Еко-проект на ученици од ООУ „Лазо Трповски“ награден во Хамбург

 

Еко-проект на ученици од 9б одделение од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје го освои осмото место на 16. Меѓународен еколошки училиштен натпревар ГЕО 2014, кој традиционално се одржува во Хамбург, Германија. Благодарејќи на овој висок пласман проектот беше награден од страна на стручното жири. Учениците на натпреварот учествуваа со истражувачкиот проект „Заштитата на пошумените површини на локалитетот Калимерово“ (повеќе информации за проектот може да најдете на следниот линк: http://www.geo.de/aktionsportal) што беше координиран од двајца наставници во својство на ментори, Даниела Радевска и Стефан Симовски. Еко-проектот учениците го реализираа во соработка со експерти од  УКИМ Шумарски факултет во Скопје.

Повеќе...
 
Проект на ученици од ООУ „Лазо Трповски“ награден со пофалница во Хамбург

Проект на ученици од 7б одделение од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје беше награден со пофалница од страна на стручното жири на 15. Меѓународен еколошки училиштен натпревар ГЕО 2013, кој традиционално се одржува во Хамбург, Германија. Седмоодделенците на натпреварот учествуваа со истражувачки проект на тема „Распространувањето и заштитата на инсектојадното растение Drosera rotundifolia во Република Македонија“ (повеќе информации за проектот може да најдете на следните линкови: http://www.geo-artenvielfalt.de/aktionen/2013/ и на http://www.geo-artenvielfalt.de/aktionen/2013/Drosera_rotundifolia) под менторство на предметните наставници Даниела Радевска и Стефан Симовски. Проектот учениците го реализираа во соработка со студенти и експерти од Катедрата за ботаника и дендрологија на Шумарскиот факултет во Скопје, Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје и Истражувачкото друштво на студенти биолози при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Повеќе...
 
Меѓународен училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2012

На почетокот на јуни годинава третоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ добија значајно меѓународно признание освоено на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2012 што се одржа годинава во Берлин, Германија. Два проекта изготвени од учениците од 3а одделение „Воздушниот сообраќај во минатото, денес и во иднина“ (ментор: Елена Угриноска) и 3б одделение „Летаме во вселената“ (ментор: Јагода Ололовска) рамноправно со уште 49 од вкупниот број пристигнати проекти на натпреварот влегоа во потесната конкуренција за награди.

Повеќе...
 


Банер