Посетители:51132
Секој 11 – ти април е наш празник

Празник што ни го подари Лазо Трповски за да го продолжиме неговиот живот и неговото дело, за да ги оствариме неговите неостварении желби и идеали. Долу на југ, во Д` мбени, 1901 година, во сиромашно семејство се роди првиот син на Насо Трпoвски.

Тој ден во куќата на Насо беше весело како на свадба. Среќниот татко ја зеде жрѓосаната сабја што се предаваше од колено на колено, ја стави во лулката и прошепоти: “ Да се метнеш на татко ми Ристо и стрико ми Кирјајо , да не ја посрамиш оваа фалмлија “ . Лежејќи во дрвената лулка, малиот Лазо како да ги разра зборовите на татка си.
На 18 години облече униформа на грчката војска и три години се гнасеше од ужасите што грчките окупатори ги вршеа во турските села, во името на Голема Грција. По враќање од војанта го прехранува семејството и се повеќе се интересира за идеите на комунизмот. Бегајќи од полицијата оди во Канада и таму во 1932 г. станува член на КП. По напуштање на Канада оди во Советскиот Сојуз и таму останува 3 години.
Во 1935 г. се враќа во Македонија каде што работи на организирање на КП и поради тоа повеќе пати ќе биде прогонуван и затваран. Охрабрен од успесите на Титовите борци во Југославиа во пролета 1943 г. формира партизански одред и им нанесуваат големи загуби на италијанските фашисти. Тој е на чело на македонските комунисти од Егејска Македонија и се приклучува на ослободителната војна на Грција против фашизмот.
Лазо Трповски сонувајќи за слободна Македонија ќе согори во тој пламен на 11 Април 1943г. Таа ноќ на патот од Сливен до Костур подло ќе биде убиен заедно со своите седум соработници кај селото Имера.


 

 
Банер