Посетители:38555
Лична карта

Име на училиштето:
ОУ „Лазо Tрповски“ - Скопје

Адреса на училиштето:
ул. „Радика“ бр.9

Телефон/факс/маил:
3071656 и 3071657

e-mail:

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Верификација на училиштето:
Училиштето е верифицирано со Акт бр. 11-587/2 од 31.01.1986 -  Скопје

Дејност:
Воспитно-образовна дејност во основно образование

Локација и основни  податоци  за училиштето:
Училиштето „Лазо Tрповски“ е изградено 1968 година, а со редовна настава започнува да работи на 1.09.1969 г. Во периодот од 40 години овде своето основно образование го стекнале преку 3000 ученици,со кои раководеле стотина одделенски и предметни наставници.
Училиштето е лоцирано во срцето на населбата Карпош 3 во непосредна близина на Општината Карпош и прифаќа ученици од улиците: „Никола Русински“, „Радика“, „Драгиша Мишовиќ“, „Партизански одреди“, „Карпошово востание“, „Огражден“, „Петко Јанчески“, „Роберт Кох“, „Трифун Пановски“, „Жеденска“, „Струма“, „Разловечко востание“, „Никола Тесла“, „Бањалучка“, „Букурешка“.
Наставата се изведува на македонски јазик во една смена, освен пет паралелки со продолжен престој и две групи со продолжен престој во групи од 1 – 4 одделение (8 и 9) кои работат во една и пол смена.

 
Банер