Посетители:38554
Секој 11 – ти април е наш празник

Празник што ни го подари Лазо Трповски за да го продолжиме неговиот живот и неговото дело, за да ги оствариме неговите неостварении желби и идеали. Долу на југ, во Д` мбени, 1901 година, во сиромашно семејство се роди првиот син на Насо Трпoвски.

Повеќе...
 
Кој бил Лазо Трповски - зошто го носиме неговото име?!?

Лазо Трповски - 60 години од смртта
ЗАСЛУЖЕН СИН НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД


Јавно ги жигосуваше спогодбите меѓу грчката и бугарската влада за размена на населението од 1919 до 1924 година со што македонското население од Егејска Македонија се искоренуваше од своите имоти и се употребуваше како монета за поткусурување во меѓусебните сметки на Грција и Бугарија.
Лазо Трповски не доживеа да го види разгорот на НОБ на теренот каде што толку години работеше и го помина најдобриот период од својот живот. На одење за Солун, заедно со други шестмина, паднаа во заседа на националистите од колаборационистичката организација ЕКА и беа масакрирани на дивјачки начин. Лазо не доживеа да ги види со сопствените очи ниту бедите што следуваа како последица од една погрешна политика на раководството на КПГ, на она Партија на која & беше толку верен.

Повеќе...
 
Банер