Пендаровски: „Гордост за државата е наградата што во Јапонија ја доби ученичката Лара Станчева“ |

На 12 јануари годинава наградената ученичка Лара Станчева заедно со нејзиниот ментор, предметниот наставник по германски јазик, Стефан Симовски, и директорката на училиштето Соња Јовановска беа примени во кабинетот на претседателот во вила Водно од претседателот на Македонија, господинот Стево Пендаровски.
|
Повеќе...
|
|
Дванаесет ученици од второ одделение со признанија од Њујорк |

На дванaесетте второодделенци кои го претставуваа ООУ „Лазо Трповски“ на 23. Меѓународен ликовен натпревар „Пријатели на мирот 2021“ во Њујорк, САД, директорката на училиштето, Соња Јовановска, на пригодна свеченост им ги врачи признанијата.
|
Повеќе...
|
Лара Станчева наградена во Јапонија |

Седмоодделенката Лара Станчева од ООУ „Лазо Трповски“ го освои третото место на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2021 кој традиционално се одржува во јапонскиот главен град Токио.
|
Повеќе...
|
Наши адути во Јапонија: Лара, Милена и Тамара |

Седмоодделенките Лара Станчева, Милена Милошевска и Тамара Ѓоќеска се пласираа во финалето на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2021 во Токио, Јапонија, кој се одржува во рамките на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието“. Овој глобален проект се реализира од 2020 до 2030 година и во него активно се вклучени сите земји-членки на УНЕСКО. Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио.
|
Повеќе...
|
ООУ „Лазо Трповски“ во меѓународен проект за заштита на биолошка разновидност |

Проектот на учениците од 9б одделение од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје „Инвазивни растенија и животни во општина Карпош по течението на реката Вардар“, координиран од двајца наставници во својство на ментори, Даниела Радевска и Стефан Симовски стана дел од глобалната акција за заштита на биолошката разновидност со седиште во Хамбург, Германија. Еко-проектот учесниците од ООУ „Лазо Трповски“ го реализираа во соработка со Катедрата за ботаника и дендрологија на УКИМ Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг Ханс Ем во Скопје.
|
Повеќе...
|
Третоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ наградени во Берлин |

Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ освоија награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2021 кој традиционално се одржува во Берлин, Германија. Заедничкиот проект на петте ученици од 3в одделение, Андреј Андоновски, Јана Блажева, Андреј Новевски, Георгина Стојанова и Максим Станоев, „Вселенски летала“ беше координиран од двајца наставници во својство на ментори Розета Сугарева и Стефан Симовски. Проектот на третоодделенците успешно ја помина прелиминарната фаза, влезе помеѓу најдобрите проекти на натпреварот и освои награда.
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
Страница 1 од 8 |