ООУ „Лазо Трповски“ во меѓународен проект за заштита на биолошка разновидност |
Проектот на учениците од 9б одделение од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје „Инвазивни растенија и животни во општина Карпош по течението на реката Вардар“, координиран од двајца наставници во својство на ментори, Даниела Радевска и Стефан Симовски стана дел од глобалната акција за заштита на биолошката разновидност со седиште во Хамбург, Германија. Еко-проектот учесниците од ООУ „Лазо Трповски“ го реализираа во соработка со Катедрата за ботаника и дендрологија на УКИМ Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг Ханс Ем во Скопје.
Инаку ООУ „Лазо Трповски“ со овој еко-проект минатата учебна година конкурираше на распишаниот конкурс за поддршка на училишни еко-проекти од Фондот за иновации и технолошки развој, но без издржано образложение еко-проектот на училиштето беше одбиен од страна на Фондот.
|